Васоски: А. Пандев одигра одлично, овој триумф е за враќање на самодовербата!

423

По цели 73 дена конечно А. Пандев успеа да победи во меч во ПМФЛ, и тоа денеска против силниот Силекс и тоа со 3:0. Маестрална партија на младиот тим на стратегот Александар Васоски, кој не го криеше своето задоволство по мечот и за „Спортмедиа“ изјави:

Важен триумф за нас, и тоа против силен тим како што е Силекс. Оваа победа која доаѓа по долго време секако дека ќе ни послужи за враќање на самодовербата. Јас сум задоволен од се она што го видов денеска од нашиот тим, кој да не заборавиме дека е млад и му треба време да се искаже“ заврши Васоски.

ПретходноЕлмаааасс…..гооооолл…БРАВО за ДИЈАМАНТОТ! (ВИДЕО)
СледноМакедонска голеада под Везув: Магија на Елмас, Нестор врати…Наполи- Удинезе 3:2! (ВИДЕО)