Головите на Миовски не останаа незабележани, преселба во Франција уште во Јануари!?

708

Бојан Миовски сезонава ја игра на врвно ниво. Со војот тим Абердин бележи супер резултати, а веќе постигна и десет гола на 14. мечеви сезонава во Шкотската  Премиер лига.

Нашиот репрезентативец како тргнал нема премногу да се задржи во овој клуб. Головите кои ги постигнува не остануваат незабележани, што е и нормално, па медиумите веќе пишуваат за неговата потенцијална следна дестинација.
Се работи за францускиот пролигаш Ремс, кој сака да го доведе напаѓачот уште во јануарскиот преоден рок. Ќе мора секако да се плати откупна клаузула, а која секако нема да биде под пет милиони евра.

 

ПретходноНа денешен ден: ГОООЛ….ПАНДЕЕЕВ…МАКЕДОНИЈА НА ЕП! (ВИДЕО)
СледноОдложена пензијата на Ставрев!