Данска ја разнесе Хрватска и чекори кон полуфинале на ЕП

75

Женската ракометна репрезентација на Хрватска доживеа убедлив пораз со 26:17 од Данска и со тоа остана без шанси за пласман во полуфиналето на ЕП. Денеска во салата „Стожице“ Данките беа немилосрдни, ја изрешетаа мрежата на Хрватска и уште на полувреме кога беше 14:8 се знаеше кому ќе му припадне победата.

Ка Данките Кристина Јоргенсен постигна пет гола, а за Хрватска најефикасна беше Катарина Павловиќ со шест.

Хрватска има два бода во групата и без шанси за понатаму, а ќе игра уште со Шведска до крајот во меч за престиж.

А Данките се први на табелата со 6 бодови и се на чекор до полуфинале, а вечерва од оваа група ќе играат Норвешка  и Шведска.

FOTO> https://twitter.com/EHFEURO

ПретходноГреам Потер: Можеби нема да носиме нови играчи во јануари
СледноМакедонија со тројца таеквондисти на СП во Мексико