Добри вести од ЕХФ, Видерер најави: РФМ и Македонија можат да бидат ко-домаќини на ЕП во машка конкуренција!

251

 

На брифингот со претставниците на медиумите, првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер се осврна и на она што сега се случува на ЕП, кое се одржува и во Скопје. Тој имаше само пофални зборови за тоа што го видел. Исто така тој најави дека во блиска иднина РФМ и Македонија би можеле да бидат и ко-домаќини на ЕП за мажи:

“Задоволен сум од се што видов во Скопје. Сите извештаи и реакции околу организацискиот дел се позитивни. Нормално е кога домаќинот не игра, да има помалку гледачи, но ние ги разбираме сите аспекти“, вели Михаел Видерер со кого имавме можност подолго да разговараме утрово.

Повеќе детали во секој случај може да каже генералниот секретар кој цело време е во Скопје“.

Мартин Хауслајтнер, генералниот секретар на ЕХФ исто така е задоволен од организацискиот дел на Европското првенство во Скопје.

Македонија и претходно, низ младинските шампионати се покажа како добар организатор и сето тоа искуство сега го има применето овде. Се се одвива како што треба, позитивни се реакциите во овој дел“, вели Хауслајтнер.

No description available.

Дали може Македонија да се надева и на организација на машко ЕП, беше едно од прашањата поставени кон челниците на ЕХФ:

Мислам дека е незамисливо за една мала земја сама да биде домаќин на едно Европско првенство особено сега кога има повеќе репрезентации учесници. Тоа реално можат да го остварат само големите земји, како Германија, Франција и можеби Шпанија. Моментално Македонија би можела да биде организатор на Европско првенство во машка конкуренција како ко-домаќин, како и во овој случај со женскиот турнир. Да биде организатор на првата прелиминарна фаза или една група. Турнирите се веќе распределени до 2028 година, па за понатаму ќе видиме од 2030 година“.

Репрезентација на Македонија и покрај трите порази остави добар впечаток на теренот на ова ЕП за жени…

Добро е за Македонија и женскиот ракомет што е домаќин на ова ЕП. Следното ЕП во 2024 ќе биде со 24 репрезентации и тогаш на Македонија ќе и биде полесно да се пласира на ЕП затоа што поради ова учество ќе биде подобро рангирана. Треба да се знае дека ова е долг процес. Ние ја следиме Македонија подолго време. Развојот на репрезентацијата почнува од младите категории, а Македонија беше одлучна во тој правец и организираше младински првенства што можеби не се многу популарни и напорно работеше за што заслужува почит. Се надевам деа ова ЕП ќе биде поттик за да продолжи во овој правец, сега кога патот е поширок“,рече првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер.

ПретходноМихаел Видерер: Никој не сакаше да го исклучи Вардар, но од тој клуб добивавме само ветувања!
СледноБабунски и Мирчевски на местото на Трајковски и Ристовски