Елмас: Се радувам за голот, а ривалството со Квара е одлично за мене и за тимот

2678

Наполи го совлада Удинезе со 3:2, а стрелец на третиот гол за лидерот во Серија А беше Елиф Елмас. Македонскиот фудбалер повторно беше во тимот по отсуството на Квича Кваратшкелија и постигна гол.

Видов како тргна Ангуиса во напад и знаев дека ако истрчам напред ќе ми ја подаде. Успеав да погодам и тоа е прекрасно, се радувам за голот. Веднаш отидов кај навивачите за да го прославам затоа што тоа мене многу ми значи, а им значи и на навивачите“, изјави Елмас.

Ривалството со Квара е одлично и за мене и за тимот. Со тоа јас, но и тој се трудиме да се подобриме, а сметам дека тоа е добро и за тимот затоа што се подобрува. Убаво е кога има натпревар внатре, во екипата. Се надевам на уште добри моменти како денешните“, вели македонскиот репрезентативец.

ПретходноЛиверпул победи со два гола на Нуњез, Тотенхем ги освои бодовите во луд меч со Лидс (видео)
СледноДуо фантастико!