Струга ТЛ во супер – дербито од 15.коло во ПМФЛ, успеа со 1:0 да ја победи Шкендија и да освои големи три бода. Ова е втора победа на стружани сезонава во вториот меч против Шкендија сезонава.
Дали со овие три бода Струга ТЛ е многу блиску до епитетот есенскии шампион?
Одговор на ова прашање за „Спортмедиа“ има Срѓан Захариевски, стратегот на Струга ТЛ.
„Не се оптоваруваме со тоа, до крајот има уште три кола и одиме по сите 9 бода, па што ќе биде ќе видиме на крајот од есенскиот дел. Голема, голема победа за нас и тоа против силен противник како што е Шкендија. Секоја чест за нашите фудбалери, одиграа максимално, така се игра за својот клуб“ посочи Захариевски.
Инаку сега Струга ТЛ на три кола до крајот на есенскиот дел има +5 бода во однос на Шкупи и +6 пред Шкендија.