Ливерпул победи со два гола на Нуњез, Тотенхем ги освои бодовите во луд меч со Лидс (видео)

117

Ливерпул со 3:1 успеа да го совлада Саутемптон во 16.коло на Премиер лигата. „Црвените“ во првото полувреме си ја завршија работата кога воедно и поведоа со 3:1, а до крајот резултатот не се менуваше.

Роберто Фирмино отвори, а изедначи Чарли Адам. Двата гола паднаа во првите 10 минути. А потоа со голови во 21. минута и во 42. минута Дарвин Нуњез го постави конечниот резултат.

Многу содржајно беше во Лондон каде Тотенхем го совлада Лидс со 4:3. Во првото полувреме гостите водеа со 1:2, домашните изедначија во 52 минута, а во 76 минута со гол на Родриго тимот од Јоркшир одново поведе со 2:3.

Но потоа на сцена застана Бентакур. Тој постигна два гола во период од две минути и го донесе пресвртот на Тотенхем.

На другите натпревари: Борнмут- Евертон 3:0, Нотингем Форест – Кристал Палас 1:0, Вест Хем – Лестер 0:2.

 

ПретходноБУНДЕС: Лајпциг триумфарлно во Бремен, неверојатно промашување на играч на Келн (видео)
СледноЕлмас: Се радувам за голот, а ривалството со Квара е одлично за мене и за тимот