Милан има нов извршен директор

194

Милан го назначи Џорџо Фурлани за извршен директор, потврди италијанскиот шампион. Фурлани доаѓа на местото на Иван Газидис од 5. декември.

„Со нетрпение очекувам да работам заедно со претседателот (Паоло Скарони), Паоло Малдини, Стефано Пиоли и остатокот од раководството. Заедно можеме да постигнеме многу успеси, на теренот и надвор од него“, рече Фурлани, кој е во Одборот на директори на Милан од 2018 година.

На Иван Газидис минатата година му беше дијагностициран рак на грлото. Тоа беше причината поради која ја напушти функцијата.

ПретходноДуо фантастико!
СледноГреам Потер: Можеби нема да носиме нови играчи во јануари