Одложена пензијата на Ставрев!

1845

Александар Ставрев, еден од нашите најдобри судии во историјата на мак – фубалот, ќе ја дели судиската правда најмалку уште две години или уште две сезони. Иако се очекуваше дека на крајот на оваа година тој поради својата возраст ќе мора да оди во пензија, сепак Ставрев ќе го гледаме на терените, и кај нас и во Европа, уште две години.

Да потсетиме. Ставрев во март ќе полни 46 години а се знае дека еден судија може да суди до свои 45 години, но на барање и предлог, а тој предлог е прифатен, на претседателот на Судиската комисија Димитар Мечкаровски, на Ставрев кариерата му е продолжена на уште две години.

Се разбира дека ова е добар потег, Ставрев и натаму заслужува да суди, да ја дели правдата на фудбалските терени. Со ова тој ќе суди и оваа сезона во мак – фудбалот, но и во наредните две, како и во Европа со амблемот на ФИФА.

ПретходноГоловите на Миовски не останаа незабележани, преселба во Франција уште во Јануари!?
СледноМихаел Видерер: Никој не сакаше да го исклучи Вардар, но од тој клуб добивавме само ветувања!