ФК Охрид Лихнидос испрати соопштение поткрепено со видео-снимка во кое реагира на лошото судење на мечот против екипата на Гостивар. Гостивар денеска славеше во Охрид со 2:1, а домашните реагираат на неколку спортни ситуации.
„Денеска на натпреварот против екипата на Гостивар бевме оштетени во повеќе наврати. Уште од самиот старт, еден дерби натпревар кој требаше да биде фудбалски празник беше пресечен од судиската тројка со престрого доделениот црвен картон во 10-тата минута. Во никој случај не сакаме ни да помислиме дека тие беа тендециозни. И во минатото бевме драстично оштетени. Ако грешките се ненамерни нека се пронајде начин за решавање на истите. На пример ВАР технологија која што е достапна во втората косовска лига. Се надеваме дека во иднина ќе имаме фер судење. Ние како клуб ќе продолжиме да работиме на организација и напредок во клубот и ништо нема да не спречи во таа намера. Во прилог ги имате спорните ситуации од натпреварот“, се вели во клупското соопштение.