ПМФЛ: Супер – Струга ТЛ, Шкендија на колена,Тиквеш го декласира Работнички, и “пандевци“ победија, триумф и на Шкупи!

397

Во супер – дербито на 15.коло, во мега – пресметката во Струга, домашниот состав успеа со 1:0 да ја победи Шкендија. Супер – Струга ТЛ за супер – триумф. Победничкиот гол беше дело на Малески во 40.минута.

Шкупи со пресврт освои три бода против Скопје славејќи триумф од 3:1. Мечот се играше во Кичево, а “пиратите“ поведоа со голот на Настески. Сепак шампионот победи благодарение на головите на Реналдо, Маргвелашвили и Хамиди.

Тиквеш го декласира Работнички. Триумф од 3:0. Блескаа кавадарчани и со головите на Ивановски, Миловановиќ и Христов освоија големи три бода.

Конечно, по цели два месеци и повеќе, А. Пандев победи и тоа убедливо и тоа против Силекс, и тоа со 3:0. Одличен настап на “пандевци“ кои со головите на Донов, Трајков и Ангелов го растурија Силекс.

Утре во Ѓорче играат Македонија ЃП и Брегалница, а Победа е слободна.

РЕЗУЛТАТИ – 15.КОЛО

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС 3:0

(Донов 25., Трајков 47., Ангелов 82./)

ШКУПИ – СКОПЈЕ 3:1

(Реналдо 20., Маргвелашвили 22., Хамиди 50./Настески 3.)

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1:0

(Малески 40./)

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 3:0

(Ивановски 37., Миловановиќ 57., Христов 62.)

УТРЕ, 13 Ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

ПОБЕДА (СЛОБОДНА)

ПретходноСрпски и албански судии на Македонија за дуелите со Финска и Азербејџан!
СледноВМФЛ: Инцидент во Охрид, и Гостивар и Воска Спорт со победи и нови три бода