По пет кола пауза, тогаш кога е најпотребно Струга Трим Лум одигра маестрално и успеа со 1:0 да ја победи Шкендија во супер – дербито.Па така Струга Тл и покажа на Шкендија како треба, како се играат вакви големи мечеви и како се победува.
Стрелец на голот беше фантастичниот Христијан Малески. Со оваа победа сега Струга Трим Лум на три кола до крајот е многу блиску до епитетот есенски шампион.