Полувреме: Фантастичниот Малески за водство на лидерот во супер – дербито, водат и Шкупи, Тиквеш и А. Пандев!(ВИДЕО)

371

Завршија првите полувремиња од четирите средби од 15.коло во ПМФЛ. На супер – дербито во Струга, лидерот води против Шкендија со 1:0 и тоа со голот на фантастичниот Малески во 40.минута.

Во Струмица домашната А. Пандев со голот на Донов има водство против Силекс. Ивановски му донесе водство на Тиквеш против Работнички, а во Кичево “пиратите“ имаа водство со голот на Настески, за да Реналдо и Маргвелашвили направија пресврт и на пауза се замина со водство на Шкупи со 2:1.

ПретходноРистовски денеска на прегледи, наскоро ќе се знае тежината на повредата
СледноМукаетов: Посебно сум горд бидејќи ракометарките станаа спортски симболи, пред ова ЕП ретко кој знаеше како изгледаат!