Ракометарите на Вардар Неготино вечерва успеаја, конечно, да ја оставрат првата сезонска победа во Суперлигата. Триумфот дојде на гости против Куманово со 27:26 со една возбудлива завршница на мечот во која Куманово имаше пенал за израмнување, но не успеа да реализира.
Интересно е што домашните водеа на полувреме со 15:11, а Вардар Неготино успеа да се врати со фантастично второ полувреме.
Многу полесно ракометарите на Тиквеш ја остварија својата седма победа, откако вечерва на домашен терен со 29:20 славеа над Јуниор Кисела Вода.