Навистина нема среќа селекторот Благоја Милевски. Имено откако се повредија Александар Трајковски и Милан Ристовски, и двајцата нема да играат со Финска и Азербејџан, сега виси и Висар Муслиу.
Стоперот на Инголштад веќе подолго време има проблеми со тетивата, а денеска на мечот на својот тим против Дуисбург уште во 20.минута го напушти теренот поради повреда.