Ристовски денеска на прегледи, наскоро ќе се знае тежината на повредата

102

Спортмедиа денеска е на линија со македонскиот репрезентативец Милан Ристовски кој на вчерашниот меч за својот тим Спартак Трнава се повреди и го напушти мечот по половина час игра. Денеска напаѓачот е на дополнителни прегледи и ќе се знае тежината на повредата на левиот скочен зголб.

Да се надеваме дека не е нешто премногу сериозно, иако веќе е јасно дека тој не може да настапи на двата пријателски меча со Финска и Азербејџан.

Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Финска (56. ФИФА ранг листа) и Азербејџан (123. ФИФА ранг листа) е закажан за 14. ноември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.

 

ПретходноБабунски и Мирчевски на местото на Трајковски и Ристовски
СледноПолувреме: Фантастичниот Малески за водство на лидерот во супер – дербито, водат и Шкупи, Тиквеш и А. Пандев!(ВИДЕО)