Српски и албански судии на Македонија за дуелите со Финска и Азербејџан!

163

На 17 и 20 овој месец, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе ги одигра своите последни натпревари, и двата пријателски, за оваа 2022 година. Познати се и судиите за двата дуели. Четата на селекторот Благоја Милевски на 17 ноември (четврток) во Скопје, со почеток од 18 часот се среќава со Финска.

Судија на овој натпревар ќе биде Новак Симовиќ од Србија, еден од најдобрите судии во таа земја.

Со Азербејџан играме на 20 ноември (недела), исто на Арената во Скопје со почеток од 14 часот.

На овој натпревар како главен судија правдата ќе ја дели Јорги Енеа од Албанија, кој е пак еден од најдобрите судии кај нашиот западен сосед.

Значи на дуелите со Финска и Азербејџан ќе имаме српски и албански судии.

ПретходноВардар и натаму максимален, рутински триумф против Прилеп!
СледноПМФЛ: Супер – Струга ТЛ, Шкендија на колена,Тиквеш го декласира Работнички, и “пандевци“ победија, триумф и на Шкупи!