Струмичанки испуштија победа во Скопје, Вардар ЕМ го доби дуелот со „имењачките“

154

Одбојакрките на Струмица беа на чекор до голема сензација на гостувањето во Скопје против екипата на Јанта Волеј КВ, но не успеаја да го издржат притисокот и на крајот беа поразени. Струмица одигра одлични стартни два сета и поведе со 2:0, па кога се чинеше дека има сили за голем подвиг, ја пропушти шансата во третиот сет кој го загуби со 25:23 и им дозволи на домашните да се препородат и на крајот да го приведат мечот во своја полза.

Во второто дерби денеска, Вардар ЕМ славеше против екипата на Вардар 2019. Дуелот на градските ривали со скоро исто име им припадна на оние новајлиите во елитата. И овде се играа пет сета, кои на крајот ги добија домашните одбојкарки.

Максимална победа извојува Наковски волеј во градското дерби против Македонија Макс.

Прва лига (жени), 7.коло

Јанта волеј КВ – Струмица жени   3:2 (22:25, 22:25, 25:23, 25:18, 15:8)

Македонија Макс – Наковски волеј   0:3 (25:23, 25:3, 25:13)

Вардар ЕМ – Вардар 2019      3:2 (25:22, 21:25, 25:27, 25:21, 15:6)

Фит фан волеј – Работнички Скопје          (понеделник, 20.00)

ПретходноМиовски погодува, Абердин повторно слави (ВИДЕО)
СледноОхрид со реакција за судењето на мечот со Гостивар (ВИДЕО)