Фудбалерите на Њукасл славеа против Челзи со 1:0 во 16. коло од Премиер лигата и ја потврдија третата позиција на табелата. Момците на Еди Хау покажуваат дека годинава се „печени“ за ТОП 4 и место во Лигата на шампионите.
Стрелец на единствениот гол беше Џо Вилок во 67. минута, а за многумина ова беше директен дуел во борбата за пласман во Лигата на шампионите. За разлика од Челзи, Њукасл по сите параметри вечерва, покажа дека е подготвен за место во најсилното европско натпреварување.
Standings provided by Sofascore