Во таборот на македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот собир по повод за претстојните пресметки против Финска (56. ФИФА ранг листа) и Азербејџан (123. ФИФА ранг листа) поради повреди направени се две измени во составот.
Селекторот Благоја Милевски не може да смета на Александар Трајковски односно Милан Ристовски поради повреди, па затоа на нивно место се повикани, Мартин Мирчевски од прволигашот од Србија, ТСК Бачка Топола, како и Доријан Бабунски од унгарски Дебрецен.
Собирот е закажан за в понеделник во хотел Хилтон во Скопје.