Захариевски: Голема, голема победа на Струга ТЛ, секоја чест за нашите фудбалери!

321

Струга ТЛ во супер – дербито од 15.коло во ПМФЛ, успеа со 1:0 да ја победи Шкендија и да освои големи три бода. Ова е втора победа на стружани сезонава во вториот меч против Шкендија сезонава.

Дали со овие три бода Струга ТЛ е многу блиску до епитетот есенскии шампион?

Одговор на ова прашање за „Спортмедиа“ има Срѓан Захариевски, стратегот на Струга ТЛ.

Не се оптоваруваме со тоа, до крајот има уште три кола и одиме по сите 9 бода, па што ќе биде ќе видиме на крајот од есенскиот дел. Голема, голема победа за нас и тоа против силен противник како што е Шкендија. Секоја чест за нашите фудбалери, одиграа максимално, така се игра за својот клуб“ посочи Захариевски.

Инаку сега Струга ТЛ на три кола до крајот на есенскиот дел има +5 бода во однос на Шкупи и +6 пред Шкендија.

ПретходноКаков кикс на Сити: Брентфорд со триумф на „Итихад“! (ВИДЕО)
СледноЕлмаааасс…..гооооолл…БРАВО за ДИЈАМАНТОТ! (ВИДЕО)