Кари го одведе првакот до победа, Лејкерс повторно поразени (ВИДЕО)

116

Актуелниот првак, Голден стејт го победи Кливленд со 106-101, јунак на мечот е Стеф Кари, кој постигна 40 поени, имаше реализација 15 од 23 , вклучувајќи шест тројка. Ова беше втор пат сезонава, Вориорс да врзат две победи.

ЛА Лејкерс запиша нов пораз, на домашен терен играше против Сакраменто без Леброн Џејмс во составот кој се повреди. Во овој момен кошаркарите на Лејкерс се претпоследен тим во Западот.  Скраменто беше подобар со 106-101, прво име во редовите беше Фокс со 32 поени и 12 асистенции. Ентони Дејвис имаше 24 поени, 14 скока и три асистенции, Вестбрук постигна 21 поен, четири скока и 11 асистенции.

Никола Јокиќ и покрај доброто издание не успеа да донесе победа на Денвер, кој беше поразен со 131-112. Српскиот центар постигна 29 поени, осум скока и три асистенции.

Резултати: Бостон – Денвер 131-112, Орландо – Феникс 114-97, Њујорк – Детроит 121-112, Оклахома – Торонто 132-113, Сан Антонио – Милвоки 111-93, Мемфис – Минесота 114-103, Голден Стејт – Кливленд 106-101, ЛА Лејкерс – Сакраменто 114-120.

ПретходноТен Хаг го кажа своето: Позната е судбината на Мегваер во Јунајтед!
СледноПМФЛ: Мега-пресметка во Струга, скопско дерби во Кичево, Работнички на гости во Кавадарци