Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски, со погодок од белата точка му донесе голема победа на својот Абердин во вечерашниот дуел со Данди Јунајтед во рамките на 16. коло во шкотската Премиерлига.
Нашиот голгетер кој вечерва го постигна својот 11 гол сезонава со кој се искачи на врвот на листата на најдобри стрелци во Премиерлигата на Шкотска погоди во 37. минута со што се покажа дека е повторно таличен за својот тим.
Миовски вечерва одигра 78 минути пред да биде заменет. Неговата одлична голгетерска форма се надеваме дека ќе продолжи и на престојните две репрезентативни контроли со Финска и Азербејџан.