Најдoбриот стрелец на Мексико не оди на СП поради скандал со проститутки

509

Најдобриот стрелец на Мексико во историјата Хавиер Хернандез Чичарито не оди на СП во Катар, а причината лежи во скандал во кој бил вмешан познатиот фудбалер. Популарниот Чичарито кој има 52 гола во 109 натпревари, по СП 2018 за националниот тим одиграл само три натпревари.

Позадината на приказната ја откри новинарот Хозе Рамон Фернандез. Во пресрет на СП 2018 мексиканската јавност ја потресе скандал во кој бројни репрезентативци учествувале во оргии со проститутки, а Фернандез тврди дека организаторот е Чичарито.

Новинарот за политичкиот весник „Процесо“ откри дека екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед најмил две проститутки за себе за време на престојот во Њујорк и Сан Антонио, а притоа пред челниците на ФС сето тоа го демантирал.

Дел од другите фудбалери ја признале вината и побарале прошка, па продолжиле да играат за репрезентацијата но не и Чичарито кој е на „црната листа“ и е игнориран од селекторот.

ПретходноНов триумф на „топчиите“: Војската на Артета маршира кон титулата (ВИДЕО)
СледноВашингтон подобар од лидерот на Западот (ВИДЕО)