Нов триумф на „топчиите“: Војската на Артета маршира кон титулата (ВИДЕО)

571

Неверојатниот Арсенал ја запиша и 12-тата победа во Премиер лигата оваа сезона и се зацврсти на врвот на табелата откако вечерва со 2:0 го совлада Вулверхемптон на гостински терен. „Топчиите“ потврдуваат дека оваа нивна форма не е случајност, особено што вечерва ги издржаа сите налети на домаќините и ги искористија своите шанси за да дојдат до нов успех.

Мартин Одегард беше стрелец на двата гола за Арсенал (54’ и 75’), а покрај него одличен настап имаше и Габриел Жезус кој и самиот имаше неколку прилики за гол, но исто така и креираше неколку шанси за своите соиграчи.


 

Со денешната победа Арсенал го искористи „киксот“ на шампионот Манчестер Сити и се осами на врвот на табелата во Премиер лигата со 5 бода предност пред „граѓаните“.


Standings provided by Sofascore

ПретходноРекордер: Има 19 години и веќе 100 настапи за Баерн (М)!
СледноНајдoбриот стрелец на Мексико не оди на СП поради скандал со проститутки