Возачот на Мерцедес Џорџ Расел е победник на последната спринт-трка од оваа сезона во Формула 1. Тој денеска ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, претпоследната трка од овогодинешниот шампионат.
Британецот триумфираше на патеката „Интерлагос“ пред Карлос Саинц Јуниор и неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Седумкратниот светски шампион, сепак, ќе стартува од втората позиција на неделната трка, бидејќи Шпанецот беше казнет со пет позиции.
Со својот триумф, Расел го спречи шампионот Макс Верстапен да победи на сите три спринтерски трки оваа сезона, бидејќи Холанѓанецот претходно победи во Имола и на Ред Бул Ринг. Светскиот првак го освои четвртото место во Бразил, пред тимскиот колега Серхио Перес, но двајцата ќе бидат во вториот стартен ред поради казната на Саинц.
Големата награда на Бразил се вози утре од 19:00 часот.