Тен Хаг го кажа своето: Позната е судбината на Мегваер во Јунајтед!

942

Според островските медиуми, Манчестер Јунајтед следното лето има намера да го продаде дефанзивецот Хари Мегваер.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг наводно бара опција да се ослободи од англискиот фудбалер и да направи простор за засилувања следната сезона.

Во Јунајтед веќе не сакаат да го трпат Мегваер, кој не ги оправда очекувањата од трансферот од Лестер, кога стана најскапиот дефанзивец во историјата.

Англискиот репрезентативец беше платен дебели 97 милиони евра, а оваа сезона повеќе не е прва опција на позицијата стопер во клубот од „Олд Трафорд“.

Веста доаѓа во пресрет на почетокот на Светското првенство во Катар, а покрај послабите игри во клубот, се очекува Мегваер да биде првата опција во тимот на Герет Саутгејт.

Мегваер има договор со Јунајтед до 2026 година.

ПретходноПСЖ тоа го чекаше: Челзи нема да му го продолжи договорот на Канте
СледноКари го одведе првакот до победа, Лејкерс повторно поразени (ВИДЕО)