ВМРО – ДПМНЕ бара од градот 250.000 евра за спас на ФК Вардар!

2031

Конечно иницијатива за спас на ФК Вардар, за клубот кој е дел од македонската историја и клуб кој сега доживува дебакл, посебно со новите газди.

Имено денеска на прес, од страна на ВМРО – ДПМНЕ беше кажано дека тие како партија преку својата советничка група и коалицијата во Советот на градот Скопје ќе бараат со амандман во ребалансот на буџетот да се издвојат 250.000 евра за ФК Вардар, со цел да му се помогне на најтрофејниот клуб во Македонија, а тоа е враќање во Првата лига.

Секако дека ова е потег за почит, за респект, рековме конечно некој даде иницијатива а притоа и кажа што и како треба да се прави за да му се помогне на ФК Вардар, на клубот со кој некогаш се гордееше цела Македонија, а посебно граѓаните на Скопје зошто тој во некоја рака е и градски, скопски клуб.

Јасно е дека состојбата во Вардар е и повеќе од алармантна, па и катастрофална. Како што дознаваме на оној долг од 2,2 милиони евра од времето на Сергеј Самсоненко, сега истиот се зголеми на уште 700.000 евра од времето кога дојдоа во Вардар наводните „спасители“ кои и онака лошата ситуација во клубот ја направија уште полоша, драматична и катастрофална.

Токму затоа ВМРО – ДПМНЕ како партија преку својата советничка група се обидува да најде спас на македонската фудбалска гордост – ФК Вардар.

ПретходноРен е во најдобра серија без пораз во најсилната француска лига
СледноАлкалоид продолжува со победите, го “прескокна“ и Охрид!