Во дербито во Серија А: Јуве го декласира Лацио! (ВИДЕО)

281

Во големото дерби во Серија А, во меч од 15.коло, вечерва во Торино, Јуве со убедливи 3:0 успеа да го победи Лацио. Јуве бепе подобар тим, одигра навистина добро, а Кин во 43. и 54.минута погоди за 2:0. И да не биде така на крајот се погрижи Милик со гол за конечни 3:0.

Јуве се враќа во „игра“, се вратија повредените играчи и Јуве сега е моќен и како што му доликува на еден таков гигант.

Ова е деветта победа на тимот на Алегри, сега има 31 бод и ја запоседна третата позиција на табелата во Серија А, еден повеќе од Лацио кој го доживеа третиот пораз сезонава.

ПретходноРК Вардар ја доби наградата „13 Ноември“ од областа на спортот!
СледноФантастичниот Ти – Џеј Шортс: Се чувствувам како МАКЕДОНЕЦ!