Алкалоид продолжува со победите, го “прескокна“ и Охрид!

110

Алкалоид продолжува со одличните настапи победи во ракометната Суперлига. Вечерва покрај Охридското езеро, во меч од 10.коло во групата – А, тимот на Алкалоид со 28:29 успеа да го победи домашниот состав и со тоа да дојде до деветтата победа во досегашниот дел од шампионат.

Ова беше вистинско дерби, посебно ако се знае дека и Охрид и тоа како одигра квалитетно, пружи силен отпор, посебно во првиот дел кога резултатот гласеше 16:16.

Во вториот дел Алкалоид направи +4, дојде до 16:20 и потоа беше полесно. Во самиот финиш охриѓани се заканија, но сепак на крајот момците на стратегот Кире Лазаров одиграа како што треба, знаеја како да ја сочуваат предноста и на крај славеа победа.

Серафимов блескаше со 12 голови кај гостите, кај домашните пак Озтурк погоди во девет наврати.

ПретходноВМРО – ДПМНЕ бара од градот 250.000 евра за спас на ФК Вардар!
СледноАрсенал е осмиот клуб со 12 победи во првите 14 кола, сите други на крајот биле шампиони!