Арсенал е осмиот клуб со 12 победи во првите 14 кола, сите други на крајот биле шампиони!

208

Арсенал го совлада Вулверхемптон со 2:0 во меч од англиската Премиер лига. Четата на Микел Артета остварила 12 победи во првите 14 премиерлигашки натпревари оваа сезона и статистички, „топчиите“ се осмиот тим кој имал ваква усшпешна серија во најсилната англиска лига.

Интересно е да се каже дека претходните седум тимови со ваква серија биле шампиони на крајот на сезоната. По 14 натпревари, Арсенал има 37 поени и води во Премиер лигата со пет бода предност во однос на вториот Манчестер Сити.

Арсенал загуби само од Манчестер Јунајтед на 4 септември на „Олд Трафорд“ и ремизираше 1:1 со Саутемптон во гости. Сите други му се победи.

 

ПретходноАлкалоид продолжува со победите, го “прескокна“ и Охрид!
СледноМбапе вака му се обрати на играч на Оксер