Денеска од 13:00 часот ќе се доигра вчера започнатото 13. коло од овогодинешниот ВМФЛ шампионат. Секако во центарот на вниманието ќе биде дуелот кој ќе се одигра на Автокоманда, а тоа е оној во кој Вардар ќе го пречека тимот на Беласица.
Вардар со победа ќе си го поврати лидерското место, кое и го држеше пред викендот со еден бод предност пред Гостивар. Овој тим пак вчера обезбеди победа кај Охрид, како и Воска кај тимот на Арсими.
Вардар по елиминацијата во Купот од Силекс, сега има само една задача, а тоа е обезбедување на ПМФЛ статус. Беласица пак е тим кој повеќе од „златна средина“ нема како амбиција сезонава.
Двојки 13. коло:
Борец – Каменица САСА
Детонит – Беса
Караорман – Локомотива Пехчево
Кожуф – Слога
Пелистер – Тетекс
Вардар – Беласица