Волкановски vs. Махачев на 12 февруари во Перт

118

УФЦ и официјално ja најави борба за титулата во лесна категорија меѓу Ислам Махачев и Алекс Волкановски.

Борбата меѓу актуелниот шампион во лесна категорија и лидерот во рангирањето на P4P ќе биде одржана ноќта на 12 февруари во Перт (Австралија).

Махачев ја освои титулата до 70 килограми на 22 октомври победувајќи го Чарлс Оливеира. Волкановски првпат по 7 години ќе се бори во лесна категорија. Досега во УФЦ Австралиецот се бореше само во перо категорија.

ПретходноСтанковиќ веќе е минато во Сампдорија, искусен тренер на негово место!?
СледноИако играа заедно 9 години: Роналдо не му честитал на Бензема за „Златната топка“?!