Борусија Дортмунд планира да разговара за иднината на офанзивецот Џуд Белингам за неговата иднина по СП во фудбал. Извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке во интервју за „Билд“ призна дека германскиот клуб не може да му предложи на Белингам услови какви што би можеле да му предложат големите европски клубови, пред се англиските.
„Ќе разговараме штом ќе заврши Светското првенство во Катар, а потоа ќе имаме јасна идеја што тој би сакал. Џуд само треба да ни каже дали сака да остане или да си оди. Во секој случај, ќе имаме убав, разумен разговор заедно. Сè на сè, сакаме тој да остане со нас, но не можеме да му понудиме она што можат да му понудат другите. Не можеме да се бориме финансиски со нив, па нема што друго да направиме освен да ја прифатиме најдобрата од понудените“, рече Вацке.
19-годишниот играч од средниот ред е во Борусија Дортмунд од 2020 година и има договор до 2025 година. Белингем е во тимот на селекторот на Англија Герет Саутгејт за Светското првенство.