Голден Арт со триумф кај Скопје!

80

Важна победа за екипата на Голден Арт на гостувањето кај Скопје со 20:29, во меч од 10.коло во Суперлигата. Гостите важеа за фаворити и пред средбата и во целост ја оправдаа таа фаворитска улога. Во текот на целиот меч беа подобар ривал, имаа водство од 1:3 па 7:10 во првото полувреме, а на пауза се замина со 10:17.

Во продолжение од средбата Скопје се закани, успеа да дојде и до -2, 19:21, сепак на крајот гостите беа тие кои славеа победа со конечни 20:29.

Гошевски кај победничкиот тим постигна девет голови, а кај домашните Бајрактаревиќ стрелаше во шест наврати.

ПретходноЕП: Холандија и Шпанија одиграа без победник!
СледноMилан извлече победа над Фиорентина со автогол во 92. минута (видео)