Вечерва во „Борис Трајковски“ во меч од главната фаза во групата која се игра во Скопје, репрезентацијата на Франција успеа да ја победи Ц. Гора со 27:19 (12:9). Па така сега Франција речиси си го осигура пласманот во полуфиналето, ако се знае дека тие и натаму се први на табелата, без пораз.
Црна Гора се обидуваше, сакаше да дојде до изненадување, имаше и поддршка од трибините од своите фанови, но се беше бадијала.
Кога сме кај головите да споменеме дека Фопа со 9 голови беше најефикасна кај Франција, додека Радичевиќ погоди во шест наврати.