ЕП: Холандија и Шпанија одиграа без победник!

63

Во меч од главната фаза на ЕП, во групата – 2 во Скопје, вечерва во салата „Борис Трајковски“ во супер интересен, одличен натпревар, Холандија и Шпанија одиграа без победник со резучтат 29:29 (15:17).

Во последната минута Холандија влезе со гол предност, но Шпанија преку Ечеверија на 20 секунди до крајот го израмни резултатот. Холандија имаше напад за победа, но имаше пробивање и затоа на крајот и двете селекции мораа да се задоволат со реми.

Што се однесува до стрелците кај Холандија најпрецизна беше Флерикс со 6 голови, додека кај Шпанија тоа беше Монсерат со 4.

ПретходноГарначо во 93. минута ја донесе победата на „Ѓаволите“ на „Крејвен котиџ“ (видео)
СледноГолден Арт со триумф кај Скопје!