„Лавовите“ денеска мораат против Брегалница

120

Ако пред стартот на овогодинешниот ПМФЛ шампионат, тимот на Македонија ЃП барем според составот важеше за екипа која дефинитивно ќе се бори за пласман во Европа досегашните резултати на „Лавовите“ не го кажуваат тоа. Тимот од Ѓорче Петров се мачи да врзе неколку добри резултати во серија, и затоа има само 16 бодови во моментов.

Седмата позиција на табелата за Македонија ЃП воопшто не е задоволувачка, како ни шестата за тимот на Брегалница која што токму денеска гостува во Ѓорче Петров, како дел од последниот дуел од ова 14. ПМФЛ коло викендов.

„Лавовите“ имаат задача од 13:00 часот да освојат три бода и да се израмнат токму со Брегалница на табелаа, а штипјани за прв пат во домашниот шампионат сезонава ќе настапат без досегашниот тренер Илчо Ѓорѓиоски. Штипјани и натаму ќе ги води сезонава неговиот помошник Лазар Илиев, кој беше на клупата и во поразот од Куп дуелот против Струга Трим Лум.

 

ПретходноПосебен јубилеј за Никола Митревски во дресот на Порто!
СледноВардар си го враќа врвот против Беласица