Попладнево во Ѓорче, во последниот меч од 15.коло во ПМФЛ, Македонија ЃП и Брегалница одиграа 0:0 што значи дека си поделија по бод.
Сосема солидна игра од двете страни, со желба за победа и со по неколку шанси, но сепак на крајот и Македонија ЃП и Брегалница мораа да се задоволат само со по бод.
Македонија ЃП подобро го отвори натпреварот, ја имаше иницијативата, но не и шанси. Ако не се сметаат заканите од далечинана Стоилов и Мишевски кој се обиде од слободен удар. И така беше се до 20.минта кога “сините“ од Штип како да се ослободија од притисокот и почнаа да играат, и тоа добро да играат. Зицер имаше Џокиќ во 24.минута, потоа и добра шанса четири минути подоцна. И Херера се закани од далечина, па и од корнер, но на пауза се замина со нечепнати мрежи.
Само што почна вториот дел домашните имаа две добри шанси и тоа преку Воша и Скендери, но гостинскиот голман Скендери не беше совладан. Херера врати во 61.минута со опасен шут од слободен удар, но Стевковски повторно одлично одбрани, притоа и се повреди, но по укажаната медицинска помош тој остана покрај стативите.
И не само што остана, туку во 70.минута успеа да му го одбрани ударот на Ѓорѓиев кој беше во одлична шанса. Ѓорѓиев уште еднаш, од слободен удар се обиде, но повторно немаше гол.
Со тие 0:0 заврши овој натпревар.