Порно студио сака да ги откупи правата на името на арената во Мајами

312

Филмското студио BangBros кое се занимава со продукција на филмови за возрасни, повторно поднесе барање за стекнување на правата на името на НБА арената во Мајами.

„Во 2019 година понудивме 10 милиони долари за правата за именување на арената нудејќи го името Bang Bros Center. Поради неодамнешните вести на FTX, повторно нудиме слична сума“, се вели во соопштението на студиото.

Претходно беше објавено дека округот Мајами-Дејд, заедно со Мајами, го раскинуваат договорот за правото на името на арената на клубот со банкротираната криптовалутна фирма FTX.

ПретходноПолувреме: Џокиќ промаши зицер, во Ѓорче мрежите мируваат…
СледноЏеко е како вино, два гола за победа на Интер во Бергамо (ВИДЕО)