Посебен јубилеј за Никола Митревски во дресот на Порто!

148

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски стана важен дел од тимот на Порто. Искусниот чувар на мрежата вчера на дуелот против Бенфика прослави посебен јубилеј во дресот на својот тим, го запиша 100. настап.

Порто го доби мечот, на домашен терен славеше со 33-29 во рамките на осмото коло и остана на второто место на табелата во тамошниот шампионат зад Спортинг кој има перфектен скор.

Колку значи Митревски за овој тим говори фактот што раководството на клубот му понуди нов договор со важност до 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Porto Sports (@fcportosports)

ПретходноФантастичната вечер на Лука Дончиќ(ВИДЕО)
Следно„Лавовите“ денеска мораат против Брегалница