Рен е во најдобра серија без пораз во најсилната француска лига

72

Екипата на Рен го совлада Тулуз со 2:1 во меч од 15.коло на француската Лига 1. Рен е непоразен на последните 17 натпревари во сите натпреварувања, а екипата на Бруно Женесио има 11 победи и шест ремија. Тоа е најдобра серија на резултати во 21 век. Само два пати претходно клубот имал подолга серија без пораз но тоа не било во Лига 1. Тоа се 22 меча меѓу ноември 1988 и април 1989, и 20 меча меѓу мај и декември 1982 година.

Моментално Рен е трет на табелата со седум бодови зад лидерот ПСЖ.

 

 

ПретходноЛегендата на иранскиот фудбал осуден на смрт?
СледноВМРО – ДПМНЕ бара од градот 250.000 евра за спас на ФК Вардар!