Сан: Првата геј двојка во Премиер лигата им се довери на соиграчите

4249

Фудбалерте на еден клуб од Премиер лигата во Англија им признале на соиграчите дека се геј  двојка, тврди таблоидот „Сан“. Засега, сепак, се уште не е јасно за кои играчи станува збор и од кој клуб се.

Обајцата нормално не сакале тоа да се дознае во јавноста и сакале нивниот идентитет сепак да остане тајност.

„ Двајца не гледаат смисол да се кријат од соиграчите и зошто воопшто да го прават тоа“, изјавил за весникот познаник на двајцата.

„Никому не му пречеше тој факт и ја добија поддршката од менаџерот и од сите останати во клубот. Сепак, тие решија да не ја објавуваат својата врска, иако не се срамат и тоа може да се случи во иднина. Тие сакаат да се фокусираат на нивните перформанси во текот на сезоната“, додаде изворот.

 

ПретходноКошаркарите против Данска со една мисла: Со свежи глави до перфектен ноември!
СледноИвоби го фрли дресот кон навивачите,тие му го вратија назад (ВИДЕО)