Дејан Станковиќ има огромни проблеми на клупата на Сампдорија. Иако пристигна пред само еден месец, нештата во клубот се граничат со хаос. По последниот, четврти пораз во серија на тимот викендов од Лече, навивачите беа гневни, па на стадионот ги блокираа влезовите за да, играчите, управата и стручниот штаб не можат да излезат.
Огромен проблем претставува очигледно и самиот избор на Станковиќ за нов тренер, кој очигледно не бил прв избор, туку повеќе принуден. Тогаш, Марко Џампаоло доби отказ, Станковиќ „влета“ но очигледно и тој не е решението за проблемите во Џенова.
Клаудио Раниери, искусниот стратег италијаните пишуваат дека цело време е пикот на управата на Сампдорија, но дека тој упорно ја одбива улогата на тренер. Ќе видиме дали тоа и овојпат ќе биде така, доколку Станковиќ навистина добие отказ, што е многу веројатно.