Одбојкарите на Весна Пробиштип ја остварија и петтата сезонска победа откако во шестиуот настап сезонава славеа со 3:1 против екипата на Штип УДГ. Одличниот состав на пробиштипјани покажа дека годинава ќе биде зрел за битка со најдобрите, а со резултатите на стартот на сезоната тоа и го потврди.
Ова коло мина без проблеми и за најголемите фаворити. Шампионот Струмица со 3:0 славеше против Универзитет во Тетово, а победа со максимален резултат извојува и Шкендија на средбата со Сушево.
Прва лига (мажи), 6.коло
Струмица Никоб – Универзитет во Тетово 3:0 (25:13, 25:19, 25:15)
Македонија Џио – Лирија
Весна Пробиштип – Штип УГД 3:1 (26.24, 25:17, 20:25, 25:20)
ГОК Борец – Петровец 3:0 (25;14, 25:23, 25:21)
Сушево – Шкендија 0:3 (15:25, 18:25, 11:25)
***Слободна е екипата на Либеро