УФЦ има нов шампион (ВИДЕО)

325

Алекс Переира стана нов УФЦ шампион во средна категорија, откако синоќа во финалната борба го совлада бранителот на титулата во оваа конкуренција, Исраел Адесања во последната рунда од борбата.

Во прите четири рунди Адесања доминираше и се наговестуваше дека тој ќе ја одбрани титулата со одлука на судиите. На Переира пак, за кого ова беше само четврта борба му беше потребен нокаут во последната рунда. Па се случи токму тоа. Бразилецот со еден лев кроше сериозно го повреди противникот, а потоа го докрајчи со серија на удари, по што судијата прогласи крај.

 

ПретходноВашингтон подобар од лидерот на Западот (ВИДЕО)
СледноФантастичната вечер на Лука Дончиќ(ВИДЕО)