Секако дека по мечот селекторот на нашата репрезентација Александар Јончевски беше задоволен од победата, посебно ако се знае дека истата беше извојувана во навистина драматичен меч. Исто така може да биде задоволен од фактот дека ние сега имаме четири од четири во групата во претквалифициите за ЕП 2025.
А по вечерашниот меч со Данска, тој изјави:
„Не сум видел вакво навивање, благодарен сум за поддршката. Јасно е дека притисокот беше кај нас, не кај нив, затоа и тие погодуваа зошто беа растоварени. Имавме проблеми под кошевите, па и во дел од нашите шутеви. Данска во најголем дела имаа водство, го контролираа овој натпревар, и ако победеа немаше да биде незаслужено. Да кажам дека на крајот имавме и среќа зошто одлучуваше една топка што се вели. Вечерва Ти – Џеј беше лидерот на нашиот тим, тој е моторот на тимот. Да кажам искрено дека не очекував да тргнеме со четири победи во овие претквалификации“ истакна нашиот селектор по натпреварот.