Интер успеа да слави на гостувањето кај Аталанта во Бергамо во денешното дерби во 15. коло во италијанската Серија А. Повторно херој на „нероаѕурите“ беше босанскиот ветеран Един Џеко кој со два гола ја најави победата на гостите.
Аталанта доби пенал во 25. минута и со голот на Лукман поведе со 1:0, но само десетина минути подоцна со својот прв гол Џеко израмни на 1:1, резултат со кој се замина на пауза.
На стартот на вториот дел Џеко и по вторпат го матираше домашниот голман, сега за водство од 2:1. Одлуката за победата се чини дојде со автоголот на Паломино во 62. минута, кога Интер веќе дојде до одлична предност од 3:1.
Паломино се извади за автоголот со погокот во 77. минута, што не беше доволно за да се извади макар реми.
Standings provided by Sofascore