Италијанскиот шампион Милан ja совлада Фиорентина на „Сан Сиро“ со 2:1 во 15.коло на Серија А. „Росонерите“ имаа предност со гол на Рафаел Леао уште во 2.минута од мечот меѓутоа во 28 минута примија гол за 1:1. Тоа беше мешаница по која Барак шутна, а топката удри во ногата на дефанзивецот на Милан Тиав и го измами голманот Татарушану.
Во второто полувреме ги издвојуваме промашувањата на Оливие Жиру и потоа на Рафаел Леао. Неискористените шанси за малку ќе го чинеа тимот од „Сан Сиро“ два бода. Во 92. минута голманот на Фиорентина се излета во празно, а топката удри во телото на Никола Миленковиќ и заврши во мрежата донесувајќи му на Милан победа.
Милан е втор со 35 бода и заостанува шест бода во однос на лидерот Наполи. Фиорентина е 10-та на табелата со 18 бода.
АВТОГОЛОТ НА МИЛЕНКОВИЌ НА ОВОЈ ЛИНК