Голем кикс на Вардар денеска во меч од 12.коло во ВМФЛ. Имено вардарци одиграа само 1:1 на свој терен и тоа против Беласица. Загубени се два големи бода во битката за врвот, па така сега Гостивар по ова 12.коло е лидер, а Вардар е втор.
Маркоски во 74.минута погоди за Вардар за 1:0, потоа голманот Гачевски се повреди на негово место на голот застана Целески,кој во 83.минута прими гол, стрелец беше Гугуљанов за конечни 1:1.
Во Битола домашниот Пелистер со неверојатни 11:0 го торпедираше Тетекс, кој ја продолжува своја агонија и очигледно е дека не му местото во оваа Лига. Секој меч го губи и тоа убедливо.
На останатите мечеви Детонит дома со 3:0 ја победи Беса, со истиот резултат Каменица Саса како гостин славеше кај Борец, додека Караорман и Печхево Скопје одиграа 1:1.
РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО
ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС 11:0
ВАРДАР –БЕЛАСИЦА 1:1
КОЖУФ – СЛОГА (В) 2:0
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕСА 3:0
БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА 0:3
КАРАОРМАН – ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ 1:1
ВЧЕРА:
ОХРИД –ГОСТИВАР 1:2
АРСИМИ – ВОСКА СПОРТ 1:2